Преведувачка служба
- Home
- Clinics & services
- Care & support
- Interpreters
- Македонски (Macedonian)
Кои сме ние
Ваше право е да барате доверлив преведувач со NAATI акредитација, за да ви помогне да комуницирате со персоналот на Austin Health ако сте наш пациент.
Hе препорачуваме да ви преведуваат роднини, пријатели или вработени кои ги зборуваат двата јазика. Роднините и пријателите играат важна улога во вашата поддршка.
Наши услуги
Ние ги даваме следните услуги:
- Преведување на лице место, видео-telehealth преведување, преведување по телефон
- Телефонската преведувачка служба е на располагање 24 часа дневно, 7 дена во неделата.
Иако се вложуваат напори да се обезбеди преведувач на лице место, може да се случи да нема слободни преведувачи. Во тие околности даваме телефонски или видео-telehealth преведувачки услуги.
Закажување
Ве молиме побарајте од докторот или медицинската сестра да ви обезбеди преведувач.
Преведувач може да побарате и кога го закажувате вашиот следен преглед.
Јавете ни се
Телефон: 03 9496 3367
Електронска пошта: languageservices@austin.org.au
Работно време: Понеделник до петок од 8:30 наутро до 4:30 попладне